Со оваа информација, ги информираме членовите како субјекти на лични податоци за начинот и постапката на остварување на нивните права во однос на личните податоци кои се обработуваат од страна на Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД Скопје (во понатамошниот текст “Шаховскиот клуб”) согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци.
Како членови чии лични податоци се обработуваат од страна на АЛКАЛОИД АД Скопје, имате право да бидете детално информирани за:
- Идентитет на контролорот (Шаховскиот клуб) и контакт податоци за истиот
- Контакт податоци на Офицерот за заштита на личните податоци
- Целите и правната основа за обработката
- Легитимните интереси на Шаховскиот клуб (ако се врши обработка согласно оваа правна основа)
- Категориите на субјекти чии податоци се обработуваат и категории на лични податоци што се обработуваат
- Корисници на кои личните податоци се даваат на користење
- Рок на чување
- Дали се врши пренос на податоците во трети земји
Оваа информација за остварување на правата на членовите е објавена на веб-страницата на Шаховскиот клуб, а воедно оваа информација може да ја добиете во службените простории на Шаховскиот клуб, или да Ви биде директно доставена во хартиена или електронска форма.
Оваа информација освен на членовите на Шаховскиот клуб, се однесува и на учесниците на турнири во организација на Шаховскиот клуб.
А. ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Како член чии лични податоци се обработуваат од страна на Шаховскиот клуб, имате право да поднесете барања за остварување на Вашите права пропишани со закон и тоа:
Право на пристап
На Ваше барање, Шаховскиот клуб има обврска да Ве информира кои податоци ги собира за Вас, за кои цели ги обработува, колку долго ги чува и дали ги открива на трети страни.
Право на исправка на лични податоци
На Ваше барање, Шаховскиот клуб ќе изврши исправка и дополнување на Вашите лични податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци.
Право на бришење
На Ваше барање, Шаховскиот клуб ќе ги избрише Вашите лични податоци ако е исполнета целта заради која биле обработувани, ако сте ја повлекле согласноста за обработка, ако податоците биле незаконски обработувани, ако приговарате на обработката или заради почитување на законската обврска на Шаховскиот клуб за бришење на податоците кога веќе не постои правна основа за обработка.
Право на ограничување на обработката на лични податоци
На Ваше барање, Шаховскиот клуб ќе ја ограничи обработката на Вашите лични податоци, ако ја оспорувате нивната точност, во периодот додека не ја потврдиме нивната точност, ако сметате дека обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето или ако податоците Ви се потребни за остварување на правни барања.
Право на преносливост на податоците
На Ваше барање, Шаховскиот клуб ќе Ви ги пренесе личните податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат или ќе ги пренесе во друг клуб. Ова право е применливо кога се врши обработка на лични податоци врз основа на согласност или договор и кога обработката се врши со автоматизирани средства.
Приговор
Вие имате право на приговор врз основа на конкретна ситуација поврзана со Вас, ако обработката на Вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели.
Барање за повлекување на претходна согласност
Вие во секое време можете да ја повлечете претходно дадената согласност за обработка на Вашите лични податоци. Барањето за повлекување на согласност, поднесете го до Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД Скопје согласно постапката опишана подолу.
Б. ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА
Начин на достава на барањето
За остварување на правата од секција А од оваа Информација, можете да поднесете соодветно барање. Барањата за остварување на секое одделно право, објавени се на интернет страната на Шаховскиот клуб . Соодветното барање може да се поднесе на повеќе начини:
a)Во печатена форма со пополнување на соодветното барање и негово доставување лично или по пошта во плик со назнака „Барање за__________ (да се внесе соодветниот назив за барањето) до архивата на Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД Скопје, на адреса бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, со посебна назнака “до Офицерот за заштита на лични податоци”
б)Во електронска форма, со пополнување на соодветното барање и негово доставување на мејл адресата на Офицерот за заштита на лични податоци dpo@alkaloid.com.mk
в)На телефонски број на Офицерот за заштита на лични податоци: +389 2 3104 000
Барањето треба да биде читливо и уредно пополнето и потпишано. Во склоп на секој образец/барање се наведени насоки за пополнување на истото.
Барањето испратено до Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД Скопје, задолжително треба да ги содржи следните податоци:
- Ваша идентификација – целосно име и презиме
- Контакт информации за повратна информација: адреса, телефон, електронска пошта
- Образложение и основ за барањето
- Доколку е назначено во самото барање, потврда за Ваша идентификација
Постапување по барањето
Одговорно лице за постапување по однос на Вашето барање е Офицерот за заштита на лични податоци. По прием на барањето, истото се заведува во регистарот на примени барања и се пристапува кон негово разгледување. Доколку Офицерот за заштита на лични податоци има основано сомневање во врска со Вашиот идентитет, како подносител на барањето, може да побара да доставите дополнителни информации со цел потврдување на идентитетот. Доколку Вашиот идентитет се потврди, се пристапува кон проценка на основаноста на барањето. Доколку, и покрај доставувањето на дополнителни информации, Вашиот идентитет не може да биде утврден, барањето се одбива со доставување на образложение.
Офицерот за заштита на податоците има право да Ви побара дополнителни документи или информации со цел остварување на Вашето право. Информацијата која што ќе Ви биде испратена во писмена, односно електронска форма, ќе биде во форма на известување по однос на барањето, со кое што ќе бидете информирани за активностите преземени од страна на Шаховскиот клуб, заклучокот и поуката за понатамошно постапување. Доколку Вашето барање биде одбиено, во известувањето ќе бидат наведени причините за неможноста за остварување на правото, заклучокот и поуката за понатамошно постапување.
Известувањата ќе бидат испратени до Вас во писмена, односно електронска форма каде што е можно, освен ако побарате поинаку.
Рокови на постапување
Шаховскиот клуб е должен да Ви достави информација за преземените активности без непотребно одложување и во секој случај согласно законски определените рокови, во рок од 1 месец, односно најдоцна во рок од 3 месеци во случај на комплексност на барањето. Шаховскиот клуб ќе Ве информира за секое продолжување на рокот, во рок од еден (1) месец од денот на приемот на барањето, заедно со причината за одложувањето.
Доколку Шаховскиот клуб не преземе активности по Вашето барање во рок од еден месец од приемот на барањето, Шаховскиот клуб има обврска да Ве извести за причините за непреземање на активности и за можноста да поднесете барање до АЗЛП, како и за можноста за користење на судска заштита.
Рокот за постапување по барање за исправка на Вашите лични податоци е 15 дена. Рокот за постапување по барање за бришење на Вашите лични податоци е 30 дена.
Наплата на надомест
Согласно законот за заштита на лични податоци, обезбедувањето на потребните информации во поглед на Вашето барање се овозможуваат без надоместок. Во исклучителни ситуации, доколку Шаховскиот клуб процени дека Вашето барање е очигледно неосновано или прекумерно, особено заради повторувачкиот карактер, Шаховскиот клуб може да Ви наплати надоместок, за што ќе Ве информира, имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или комуникацијата или постапувањето по барањето.
Шаховскиот клуб е има право да го одбие Вашето барање, доколку не се согласите да го платите побараниот надомест потребен за да се преземат соодветните активности.
Затварање на барањето
Со доставувањето на потребното известување од страна на Шаховскиот клуб до Вас, се смета дека барањето е затворено.
Доколку имате дополнителни прашања или барања во врска со обработката на личните податоци од страна на Шаховскиот клуб како контролор, истите треба да ги упатите до Офицерот за заштита на личните податоци, преку телефонскиот број +389 2 3104 000 или преку електронската пошта dpo@alkaloid.com.mk