Медија

Интервју

ВМ Трајко Недев

Шахист и член на ШК „Алкалоид“

Приклучувањето кон ШК „Алкалоид“ – најдобар потег одигран во право време 

ВМ Трајко Недев

Пред речиси три децении, токму тој, на 15-годишна возраст, бил еден од големите планови на визионерот на шаховскиот клуб „Алкалоид“. Оттогаш, континуирано книжи успеси, како на клупски, така и на репрезентативен план. Годинава, кога ШК „Алкалоид“ забележа историски успех триумфирајќи на “Европскиот Клупски Куп 2016“ во Нови Сад, еден од „виновниците“, велемајсторот Трајко Недев, се навраќа на почетоците на оваа исклучително интересна приказна, доследно прераскажана за ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СĖ

ВМ Трајко Недев

Цели три децении сте дел од домашната и интернационална шаховска сцена. Кога и како започнува Вашата шаховска кариера? 

Моите шаховски почетоци се поврзани со шаховскиот клуб „Манчо Малиминов“ од Неготино“ во 1985 година, за три години подоцна да станам дел од ШК „Алкалоид“, чиј член сум и денес. Како неколкукратен првак на Македонија во пионерска, младинска и сениорска кон- куренција, но и постигнувања на буквално сè што може да се постигне во клупски рамки, денес можам да кажам дека сум и горд член на ШК „Алкалоид“ – лигашки и купски шампион, а од годинава и носител на Купот на европските шампиони.

Вашите почетоци со ШК „Алкалоид“ со себе носат една интересна приказна. Како започна сè пред 28 години?


Во 1988 година, како пионерски првак на Југославија настапував за ЈИК Банка. Го паметам како вчера денот кога тогашниот генерален директор на „Алкалоид“, г. Трајче Мукаетов ме покани на средба. На мои 15 години… немав претстава ни што е „Алкалоид“, ниту пак со кој голем човек се среќавам. Се сеќавам, ми рече дека има големи планови за шаховскиот клуб „Алкалоид“ и дека би сакал јас како еден од најталентираните млади шахисти во Македонија во тоа време, моите понатамошни достигнувања да ги заверам во рамките на тој клуб, максимално помогнати и поддржани од истиот. Дека сè што ќе ми биде потребно за развој на шаховската кариера ќе ми биде овозможено.

Што во тој момент значеше за Вас тоа охрабрување и силната поддршка? 

Искрено, за време на состанокот многу и не размислував за длабочината на тој разговор, а како пионерски првак на Југославија и вицешапмион на Европа имав побарувања од неколку клубови од екс-југословенските простори. Како дете, сметав дека е сосема нормално да добијам и понуда од некој македонски клуб. Но отпосле, кога мојот татко ми објасни со кого сум имал чест да разговарам и што значи „Алкалоид“ во целокупната општествена слика, сфатив дека можеби сум ја добил најдобрата професионална понуда во животот. Имајќи предвид дека и самиот сакав да играм за македонски клуб, без многу размислување станав дел од тимот на ШК „Алкалоид“.

Од денешна дистанца, сметате ли дека ја донесовте правилната одлука? 

Самите мои постигнувања во животот на шаховски план, но и како личност, ја потврдија апсолутната оправданост на мојата одлука, за која во моментот кога ја донесов, не бев сосема сигурен дека е најправилната. Веќе 28-ма година сум член на ШК „Алкалоид“ и сите резултати кои ги постигнав, се должат на поддршката што некогаш некој ми ја пружил и трае до ден денес. Не е доволно човек да знае да игра шах и да направи клуб, треба да знае да го цени зборот, да го валоризира трудот и континуирано да ве мотивира. Јас ја имав таа среќа таков спој на особини да најдам кај еден човек. 

Шахот и математиката. Навистина постои нераскинлива поврзаност или сé се сведува на мит?

Математиката е поставена на егзактна материја: формула и еднакво. Исто, во шахот ние ги користиме формулите како принцип. Ако не ги применуваме тие прин- ципи, нема да го добиеме вистинското решение, а со тоа нема да го победиме противникот. Во математиката, ако не примените формула, можете 5-6 дена да решавате една иста задача. И кај двете дисциплини има задолжителна теорија и пракса. Токму во овие делови споредбата математика – шах го крие суштинското значење. Од сруга страна, шахот е променлива категорија и не секогаш 2 + 2 = 4. Секоја позиција трпи промени, особено со развојот на новата технологија. Во овој контекст би направил споредба и со медицината. Шахот е една динамична материја која бара перманентно работење, а не закоравени постулати. Треба да бидеш флексибилен во секој поглед, да прифаќаш нови потези, но прво добро да ги изанализираш, а дури потоа да ги примениш.

 „Во 1988 година, како пионерски првак на СФРЈ, тогашниот директор на „Алкалоид“ г. Трајче Мукаетов, веднаш го препозна мојот потенцијал и спои две успешни кариери – мојата и на клубот“


“Како изгледа еден шаховски тренинг? Ако класичните спортови акцентот го ставаат на кондициони подготовки, како вие се подготвувате за настап?

Во суштина, слично како и останатите спортисти, ние шахистите имаме психо- физички подготовки. Физичкиот дел од активноста којшто е неминовен во било кој спорт, во шахот можеби не е толку видливо изразен, но за еден шахист да може умствено и интелектуално да издржи 5-6 часа со една иста концентрација, мора да има и сосема солидна физичка подго- товка. Јас како помал не можев да сфатам како шахистите после час-два игра по- чнуваат да се потат, кога цело време седат, но подоцна сфатив дека е потребна физичка стабилност и енергија за да можеш соодветно да одговориш на предизвикот. Значи, потребно е одржување на некоја оптимална физичка форма, додека нашите подготовки претставуваат и еден вид тим – билдинг, размена на знаење и искуства и дружење со колегите.

 

Велат, постојат некои особини по кои шахистите во многу нешта се разликуваат од останатите. Има ли вистина во тоа? 

Лаички објаснето, голем дел од шахистите имаат дел од мозокот кој е определен само за шах. И тука има работи кои се меморираат и се бришат. На пример, јас лично, со текот на годините дозволувам во глава да ми влезат што помалку нови информации. Како млад сум памтел многу податоци, броеви и сл., но најдов начин како да ги избегнувам оние кои не ми се неопходни, затоа што за жал во глава немаме хард – диск од 500 гига – бајти.

Ќе издвојам еден несекојдневен пример… јас немам положено за возач само поради психолошки страв од премоќно задлабочување во мислата. Верувајте, кога ќе седнам во автобус и ќе почнам да си анализирам некоја позиција, можам несвесно да го поминам Неготино и да се симнам во Дојран. Веројатно како и повеќето шахисти, тоа фокусирање на мислата не ми дозволува да перципирам ништо околу мене. Одредена слика ни е толку врежана во главата, што нема потреба дури и за време на игра да гледаме во шаховската табла. Веројатно сте забележале како многу шахисти додека играат се свртени на сосема друга страна. Тие таблата и противникот ги имаат во глава.

 „Во целата моја шаховска кариера ја имав поддршката од клубот за личен и професионален развој. Сега тоа ми претсавува лична обврска, да ги пренесам моите шаховски искуства и знаења на помладите шахисти во ШК “Алкалоид“, генерации кои и понатаму ќе го претсавуваат клубот со своите врвни достигнувања“

На репрезентативен план – прва табла на Олимпијадата во Баку.  Какво искуство беше тоа?

Да се настапува за репрезентацијата е се- когаш голем предизвик и чест, а особено кога ја имате довербата да играте на прва табла. Најсилните играчи настапуваат на прва табла за сите репрезентации, што дава посебна тежина и одговорност. Само со игра со најсилните можеме правилно да процениме колку сме успешни и да извлечеме огромна поука што е потребно да се доработи во рамки на личното самоусовршување.

Кое достигнување го сметате за свој најголем професионален успех? 

Освоените медали – Олимписка бронза од 1996 Ереван и сребро од европското првенство Пловдив 2003 ми претставуваат огромна лична сатисфакција. Настапите за репрезентацијата на Македонија на 11 олимпијади и на 9 европски натпревари ги сметам за мој придонес за афирмирање на нашата земја. И секако, на клубски план овогодишниот триумф, освојувањето на титулата Куп на Европските Шампиони го сметам за едно ново професионално поглавје.

Некоја интересна случка, анегдота која останала запаметена низ плодната шаховска кариера?

На една од турнеите со мојот колега Никола Митков, која траеше околу 3 месеци, одигравме десетина ‘опени’ и освоивме многу први места. Но, за да стигнеме секаде на време, моравме да смениме 16 авионски линии. На крај, кога заврши турнејата и „се прорачунавме“, испадна дека сме 100 евра во минус. Ме гледа Митков така подразочаран, па само ми искоментира: „Па, да седевме дома, ќе бевме во поголем минус!“.

ШК „Алкалоид“ работи на популаризирање на шахот во македонски рамки, како и на едукација на млади таленти. Како го оценувате тој процес? Има ли Македонија талентирани деца кои би ја продолжиле успешната приказна? 

Добар потег е потег кој ќе се одигра во право време во права позиција. Токму тоа го направи ШК „Алкалоид“. Изготви програма за развој на шахот, со одлука да ги поддржи и поттикне членовите на клубот да отворат свои школи во кои би едуцирале идни врвни шахисти. Резултати има, но оние вистинските, на долг рок, допрва ќе ги видиме. Нема дете кое нема талент, но за успех е потребно силна под- дршка, како таа што ја дава компанијата „Алкалоид“ во улога на спонзор. Нашиот клуб веќе има добри тренери, на потег е желбата за самоусовршување и посветената работа.

Покрај сé што освоивте досега, кој Ви е најголем предизвик на шаховски план во моментов?

После толку години играње шах и постигнати исклучително добри резултати, најголем предизвик ми е позади нас да оставиме една генерација млади шахисти кои ќе ја продолжат традицијата и ќе постигнат уште поголеми успеси, како на клупско, така и на репрезентативно ниво. Сакам да се радуваме на нови македонски успеси. А успесите растат заедно со учениците.

Цели три децении сте дел од домашната и интернационална шаховска сцена. Кога и како започнува Вашата шаховска кариера? 

Моите шаховски почетоци се поврзани со шаховскиот клуб „Манчо Малиминов“ од Неготино“ во 1985 година, за три години подоцна да станам дел од ШК „Алкалоид“, чиј член сум и денес. Како неколкукратен првак на Македонија во пионерска, младинска и сениорска кон- куренција, но и постигнувања на буквално сè што може да се постигне во клупски рамки, денес можам да кажам дека сум и горд член на ШК „Алкалоид“ – лигашки и купски шампион, а од годинава и носител на Купот на европските шампиони.