ШК AЛКАЛОИД гарантира остварување на сите ваши законски права во врска со обработката на вашите лични податоци. Вие во секој момент имате право да побарате од ШК АЛКАЛОИД:
право на пристап – право да поднесете барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани;
право на исправка – доколку откриете дека вашите лични податоци што ги обработува ШК АЛКАЛОИД не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка;
право на бришење – право да побарате од ШК АЛКАЛОИД да ги избрише вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
право на ограничување на обработката – право да побарате ШК АЛКАЛОИД да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
право на преносливост на податоците – право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од ШК АЛКАЛОИД;
право на приговор – право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон и
право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете својата согласност за користење на вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.
Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следниот линк, пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската или преку поштенската адреса наведени подолу.