Шахисти​

DING LIREN Светски Шампион во 2023 година!

Роден е на 24 октомври 1992 година во Кина. Титулата велемајстор ја освојува во 2009 на 17 годишна возраст. Ding е трократен шампион на Кина (2009, 2011 и 2012). Со репрезентацијата на Кина на Олимпијадата во 2014 година го освојува првото место, а поединечно освојува бронзен медал. Во август 2015 станува вториот кинески играч кој што влегол во ТОП 10-играчи во светот. Во jули 2016 Ding беше највисоко рангиран Блиц играч во светот. Во Септември 2017 стигнува до финалето на Светскиот Куп, со што се квалификува за Турнирот на кандидати за предизвикувач на Светскиот Првак. За ШК Алкалоид на ЕКК настапува во 2016, 2017 и 2018 година. При тоа, Во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои сребрен медал за индивидуален резултат на прва табла. Во Август 2018 година ја поминува рејтинг границата од 2800 поени, искачувајќи се на 4 место на светската ранг листа! За ШК Алкалоид настапува во периодот од 2016 до 2018 година.

Позначајни резултати:

  • Во 2002 делба на прво место на Светското Првенство до 10 години
  • Во 2004 делба на прво место на Светското Првенство до 12 години
  • Во 2005 се пласира на Шампионатот на Кина
  • Во 2007 учествува на силниот Зонски турнир во Денжоу каде што освојува 6,5 поени од 9 партии
  • Во мај 2009 година учествува на Азискиот Континентален Индивидуален Шампионат каде што освојува 6 поени од 11 партии и тој резултат му ја носи првата норма за велемајстор
  • Истиот месец победува на Шампионатот на Кина со 8,5 поени од 11 партии, остварувајќи перформанс од 2800+ поени и освојувајќи ја својата втора норма за велемајстор
  • Во октомври 2009 година на турнирот станува 30от кинески велемајстор
  • Во 2011 година повторно станува Шампион на Кина со 9 поени од 11 партии
  • Во 2012 година ја одбранува титулата со освоени 8 поени од 11 партии
  • Во 2014 година со репрезентацијата на Кина го освојува првото место на Олимпијадата во Норвешка и воедно освојува бронзен медал на својата табла
  • Во 2015 година на Светското Екипно Првенство повторно со репрезентацијата на Кина го освојува првото место и освојува бронзен медал на својата табла
  • Во 2017, Победник на супертурнирот Shenzhen Longgang Chess Grandmaster Tournament – Кина, со 6,5 поени од 10 партии.
  • Победник на турнир од FIDE Grand Prix 2017 Series, Москва – Русија, со 6 поени од 9 партии.
  • Во 2017, на 8th Hainan Danzhou Super Grandmaster Chess Tournament – Кина, 2 место со 5,5 поени од 9 партии.
  • Во Септември 2017 на Светскиот Куп (World Cup 2017, Georgia) стигнува до финалето и се пласира на турнирот на кандидатите. Тој е првиот Кинески шахист во историјата што постигнал ваков успех.
  • Делба на трето место место на Fide Grand Prix Series 2017, Палма де Мајорка со освоени 5 поени од 9 партии без ниеден пораз
  • Четврто место на турнирот на кандидатите за предизвикувач на Светскиот првак во 2018 година, освоени 7,5 поени од 14 партии
  • Второ место на SHAMKIR CHESS 2018 со освоени 5,5 поени од 9 партии
  • Во август 2019 година на турнирот Sinquefield Cup 2019 Ding Liren го освојува првото место, победувајќи го Магнус Карлсен
  • Во декември 2019 е победник на Grand Chess Tour Finals победувајќи го Maxime Vachier-Lagrave во финалето
  • Во март 2020 и април 2021 учествува на турнирот на кандидати каде што го освојува петтото место
  • Во мај 2022 е победник на 2022 Chessable Masters победувајќи го Магнус Карлсен во полуфинале и R. Praggnanandhaa во финалето
  • На турнирот на кандидатите за предизвикувач на Светскиот првак во 2022 година, Динг завршува на второто место. Ian Nepomniachtchi е победник и станува предизвикувач на Светскиот првак Магнус Карлсен
  • Во 2023 година, поради откажувањето на Магнус Карлсен да ја брани титулата Светски првак, Ding игра меч за Светски првак против Ian Nepomniachtchi. Во регуларниот дел мечот завршува изедначено 6-6. Во тајбрекот Ding Liren победува со 2,5 - 1,5 и со тоа станува првиот кинески Светски шампион

 

Линк до страната на Википедија https://en.wikipedia.org/wiki/Ding_Liren

Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/8603677