Шахисти
ШАХРИЈАР МАМЕДИАРОВ (SHAKHRIYAR MAMEDYAROV)
Роден е на 12 април 1985 во Азербеџан. Има две сестри Туркан и Зеинаб Мамедџарови кои ја носат титулата женски велемајстор. Многу години настапува на првата табла за азербеџанската репрезентација. Во 2006 година ја поминува границата од 2700 рејтинг поени и е дел од светската шаховска елита. Највисок рејтинг достигнува во септември 2018 година од 2820 поени и во тој момент е вториот највисоко рангиран шахист во светот.
Позначајни резултати:
- Во 2003 година станува Светски Јуниорски шампион под 20 години
- Истата година станува Светски шампион под 18 години
- Во 2004 година е победник на Опен Дубаи
- Во 2005 година повторно станува Светски Јуниорски шампион под 20 години
- Во 2006 година е победник на President's Cup во Баку, Азербеџан
- Истата година победува на Опен Рејкјавик, Аерофлот Опен, Ордикс Опен
- Во 2010 година го дели првото место на President's Cup во Баку, Азербеџан
- Во 2010 година го дели првото место на Tal Memorial во Русија
- Во 2013 година е победник на FIDE Grand Prix 2012–2013, Кина
- Во 2017 година е победник на FIDE Grand Prix 2017
- Во 2018 година е победник на Biel Chess Festival. Швајцарија
- Во 2021 година е победник на Superbet Chess Classic, Романија
- Во 2022 година е победник на ShushaChess во Баку, Азербеџан
- За репрезентацијата на Азербеџан настапува на сите Олимпијади од 2000 до 2018
- Со репрезентацијата на Азербеџан станува европски екипен шампион во 2009, 2013 и 2017 година
Линк до страната на Википедија https://en.wikipedia.org/wiki/Shakhriyar_Mamedyarov
Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/13401319