Шахисти​

ELJANOV PAVEL

Роден е на 10 мај 1983 година во Украина. Шаховски велемајстор од 2000 година. За Алкалоид настапува во 2013, 2016, 2017 и 2018 година на Екипното Првенство на Македонија. На ЕКК за екипата на ШК Алкалоид настапува во 2016, 2017 и 2018 година.

Позначајни резултати:

  • Во 1999 година е член на украинскиот младински тим кој што победил на шаховската Олимпијада во Артек, Украина
  • Во 2004 година со репрезентацијата на Украина е победник на 36та шаховска Олимпијада
  • Во 2007 година Елјанов победил на Б-турнирот во Вајк ан Зе, Холандија освојувајќи 9 поени од 13 партии. Со овој резултат се квалификува на А-турнирот, кој што е турнир од 20та категорија, во 2008 година каде што освојува 5 поени од 13 партии
  • Во 2009 година е победник на турнирот Босна Опен, кој што се игра во Сараево освојувајќи 7 поени од 10 партии
  • Во 2010 година со репрезентацијата на Украина, настапувајќи на 3та табла повторно го освојува златниот медал на шаховската Олимпијада во Русија
  • Во мај 2010 година победува на турнирот во Астракхан, кој што е дел од турнирите од ФИДЕ Гран-при серијата со освоени 8 поени од 13 партии. Во август истата година победува на силниот Политикен Куп во Копенхаген.
  • Во сепрември во 2010 година Елјанов има рејтинг од 2761 поен со што беше на првата позиција на украинската рејтинг листа и на шесто место во Светот.
  • Во февруари 2012 година на Аерофлот Опен го дели првото место заедно со Матеуж Бартел и Коробов Антон
  • Во февруари 2013 Елјанов победува на Рејкјавик Опен. Истата година во септември е победник на 14от меѓународен турнир Карпов Поиковски освојувајќи 6 поени од 9 партии. Месец дена покасно победува на уште еден силен отворен турнир Чигорин Меморијал
  • Во 2014 година е победник на Б-турнирот на Гашимов Меморијал во Азербејџан
  • Во 2015 година на Светскиот Куп се пласира во полуфиналето каде што губи од Карјакин Сергеј. На турниот освојува феноменални 35 рејтинг поени со што влегува во Топ 10 играчи во Светот
  • Во 2016 година учествува на А-турнирот во Вајк ан Зе каде што со освоени 7 поени од 13 партии го освојува 7то место
  • Во 2016, на 42nd World Chess Olympiad, со репрезентацијата на Украина освојува сребрен медал, при што игра на прва табла.
  • Во 2017 на супертурнирот Tata Steel Masters 2017 – Холандија, освојува 7 место (од 14 учесници) со 7 поени од 13 партии.
  • Во 2017 победува на Chess.com Isle of Man International Masters, со 7,5 поени од 9 партии.
  • Делба на четврто место на силниот отворен турнир 2nd Sharjah Masters со 6,5 поени од 9 партии, во 2018

 

Линк до страната на Википедија https://en.wikipedia.org/wiki/Pavel_Eljanov

Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/14102951