Шахисти​

ШАНКЛАНД САМ

Роден е на 1 октомври 1991 во Калифорнија, САД. Велемајстор е од 2011 година, сениорски репрезентативец на САД. Во 2014 година на шаховската Олимпијада во Тромсо, Норвешка станува Олимписки шампион. Во 2014 дипломира на Brandeis University и станува дипломиран економист. За екипата на ШК Алкалоид настапува на Европскиот Клупски Куп во 2019 и 2021 година.

Позначајни резултати:

  • Шампион на Калифорнија во 2008, 2009, 2011 и 2012 година
  • Во 2008 година на Светското првенство до 18 години го дели првото место, но по дополнителен критериум освојува бронзен медал
  • Во 2010 година победува на Јунироскиот шампионат на САД и се квалификува на Сениорскиот шампионат на САД
  • Во 2011 година станува Велемајстор и се квалификува на Светкиот Куп
  • Во 2012 е победник на Northern California International
  • За сениорската репрезентација на САД дебитира во 2013 година Pan American Team Chess Championship во Бразил, каде што со остварен перформанс го предводи тимот до шампионска титула
  • Во 2014 година на 41 Шаховска Олимпијада во Тромсо, Норвешка настапува како резерва и освојува златен медал на својата табла со перфроманс од 2829.
  • Во 2015 година на Светското екипно првенство настапува за репрезентацијата на САД на прва табла
  • Во 2016 победува на силниот Fagernes International во Норвешка
  • Истата година е победник и на Edmonton International и Biel Masters
  • Во 2016 година на 42 Шаховска Олимпијада со репрезентацијата САД го постигнува својот најголем успех освојувајќи го златниот медал
  • Во 2018 година станува сениорски шампион на САД и со тој резултат ја надминува границата од 2700 поени
  • Истата година победува на Capablanca Memorial и на American Continental Chess Championship
  • Во 2021 година победува на меѓународниот турнир Prague Masters

 

Линк до страната на Википедија https://en.wikipedia.org/wiki/Sam_Shankland

Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/2004887