Шахисти​

ANDREIKIN DMITRY

Роден е на 5 февруари 1990 година во Русија. Титулата велемајстор ја освојува во 2007 на 17 годишна возраст. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува на Екипното Првенство на Македонија во 2012, 2015, 2016, 2017 и 2018 година. Во 2015, 2016, 2017 и 2018 година за ШК Алкалоид настапува и на ЕКК. При тоа, во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои златен медал за индивидуален резултат на трета табла.

Позначајни резултати:

  • Во 1999 година станува светски шампион до 10 години
  • Во 2006 година го поделува првото место на Липецк Опен
  • Во 2008 година е победник на 4от Инаутомаркет Опен во Минск. Истата година дели трето место на Чигорин Меморијал
  • Во 2009 го дели првото место на Спајс Куп турнирот од 16та категорија во Тексас
  • Во 2010 година станува светски шампион до 20 години победувајќи на светското младинско шаховско првенство во Полска. Истата година го освојува второто место на Чигорин Меморијал
  • Во 2011 година дели второ место на Баку Опен во Азербеџан
  • Во февруари 2012 година го дели 4то место на силниот Аерофлот Опен во Русија
  • Во 2012 година станува Шампион на Русија
  • Во 2013 година на силниот турнир Таљ Меморијал, Андреикин иако последно рангиран, успеа да остане непоразен. Од 9 партии освои 5 поени.
  • На Светскиот Куп во 2013 година Андреикин се пласираше во финалето, каде што загуби од Владимир Крамник. Резултатот го квалификуваше за Турнирот на Кандидати во 2014 година
  • Во 2014 година на ФИДЕ Гран-При турнирот во Ташкент го освои првото место каде што беше подобар од Накамура Хикару, Мамедиаров Шахриар, Каруана Фабијано и други осум елитни велемајстори. Освоените 7 поени од 11 партии му донесоа нему највисок перформанс од 2852 поени
  • Во 2015 година повторно учествува на Светскиот Куп
  • Во 2016 година е победник на Хаселбакен Опен во Шведска каде што првото место го освојува со 7,5 поени од 9 партии
  • Победник на мошне силниот Абу Даби ОПЕН 2016.
  • Делба на прво место на Extracon Chess Open 2018, освоени 8,5 поени од 10 партии
  • Во 2018 година на 71 Суперфинале на Русија Андреикин станува шампион на Русија победувајќи го Јаковенко Дмитри во Плејоф-от за првото место
  • Во 2019 Андреикин игра меч против сегашниот (2023) Светски Шампион Динг Лирен од Кина и го добива мечот со резултат 2,5:1,5
  • Во 2020 година Дмитри учествува на ФИДЕ Гранд Прикс 2022, каде што го освојува првото место во групата па во полуфиналето го победува Аниш Гири со 2,5:1,5

 

Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/4158814