Шахисти
IVANCHUK VASSILY
Роден на 18 март 1969 година во Копичинци, Украина. Шаховски велемајстор од 1988 година. Единствен активен врвен шахист, денес, кој ги поврзува класичната генерација, со младите денешни шахисти од компјутерската ера, а при тоа сосема рамноправно се бори и е постојано во самиот врв. Со длабоко разбирање на шаховската игра внесува многу оригинални идеи. За екипата на ШК Алкалоид настапува во 2015 година.
Позначајни резултати:
- 1987 Европски јуниорски шампион до 20 години, на Светското Првенство дели 1-2 место, а следната 1988 станува велемајстор и влегува во светски топ 10.
- 1991 со 21 година го освојува Линарес (Шпанија) тогаш најсилниот турнир во светот, победувајќи го и светскиот шампион Гари Каспаров.
- Многу настапи и победи, 3 пати победник на супертурнирите во Линарес (Шпанија), 3 пати и на Меморијалот на Капабланка во Куба.
- Иако не станува светски шампион, играл неколку мечеви во борбата за светски шампион.
- 2002 година светски вицешампион, а 2004 година европски Шампион.
- 2007 година светски Шампион во брзопотезен шах.
- Од 1988 освоил (најпрво за тогашниот СССР, а потоа за Украина) олимписки 4 златни, 1 сребрена и 3 бронзени медали, а 2010 и златен медал за најдобар резултат на прва табела, предводејќи ја Украина до првото место.
- Последен екипен резултат: Светско Екипно Првенство, 2015 април, сребро со репрезентацијата на Украина.
- Носител е на бројни државни признанија, награди и ордени на Украина.
Линк до страната на Википедија https://en.wikipedia.org/wiki/Vasyl_Ivanchuk
Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/14100010