Шахисти​

JAKOVENKO DMITRY

Роден е на 28 јуни 1983 година во Русија. Велемајстор станува во 2001 година. Шах научил да игра на 3 години, од својот татко, а подоцна негов тренер бил и Александар Никитин (тренер на поранешниот светски шампион Гари Каспаров). Во 2004 година дипломирал со највисоки оценки на Московскиот државен универзитет, на Факултетот за математика и кибернетика. За ШК Алкалоид настапува во 2015, 2016, 2017 и 2018 година на Екипното Првенство на Македонија, како и на ЕКК во истите години. При тоа, Во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои златен медал за индивидуален резултат на петта табла.

Позначајни резултати:

  • Во 2001 година победува на Светското Првенство до 18 години. Истата година победува на Сент-Висент Опен
  • Во 2006 година дели прво место на Шампионатот на Русија, но во плејоф губи од Евгениј Алексеев
  • Во 2007 година освојува второ место на Б-турнирот во Вајк ан Зе. Истата година завршува втор и на Аерофлот Опен
  • Во 2007 година на силниот турнир Карпов Поиковски го освојува првото место
  • Со репрезентацијата на Русија го освојува Европскиот Екипен Шампионат во 2007 година
  • Во 2009 година Јаковенко стигнува до 5то место на светската рејтинг листа, тогаш станува играч со највисок рејтинг во Русија, поминувајќи го поранешниот светски првак Владимир Крамник
  • Во 2009 година добива покана да учествува на затворениот турнир во Дортмунд каде што дели второ место заедно со Магнус Карлсен и Петер Леко
  • Во 2010 година е член на репрезентацијата на Русија која победува на Светскиот Екипен Шампионат.
  • Во 2012 година станува европски Шампион освојувајќи 8,5 поени од 11 партии на Европското поединечно Првенство во Пловдив, Бугарија.
  • Во 2012 година повторно победува на турниот Карпов Поиковски.
  • Во 2013 и 2014 година победува на Рускиот Куп победувајќи ги во финалето Владимир Федосеев и Максим Матлаков.
  • Во 2014 година го освојува второто место на Шампионатот на Русија.
  • Во 2015 година на затворениот турнир од ФИДЕ Гран-При серијата кој што се одржа во Батуми, Грузија го освојува второто место.
  • Во 2017 година на FIDE Grand Prix Series 2017, Sharjah, UAE, освојува 4-9 место со 5 поени од 9 партии.
  • Делба на прво место место на Fide Grand Prix Series 2017 , Палма де Мајорка со освоени 5,5 поени од 9 партии
  • Освоено прво место на A.Karpov International Tournament 2018 , 6,5 поени од 9 партии

 

 

Линк до страната на Википедија https://en.wikipedia.org/wiki/Dmitry_Jakovenko

Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/4122356