Шахисти​

YU YANGYI

Роден 8 јуни 1994 година во Хуангши, Кина. Велемајстор од 2009 година, репрезентативец во екипа која последните години прикажува доминација на светскиот екипен шах. Се вбројува во најперспективните млади светски велемајстори. Во август 2018 година е 15-то рангиран играч на светската рејтинг листа. Студира спортска економија на Beijing Sports University и е најмлад играч во составот на ш.к. Алкалоид за ЕКК 2015, 2016, 2017, 2018 и 2022 година. При тоа, во 2015 и 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои златен медал за индивидуален резултат на својата табла.

Позначајни резултати:

  • 2003 Светско јуниорско до 10 години, 2 место.
  • 2004 Светско јуниорско до 10 години, дели 1 место.
  • 2013 Светски јуниорски Шампион до 20 години.
  • 2014 (март) Шампион на Кина.
  • 2014 (април) Шампион на Азија.
  • 2014 (декември) победник на Qatar Masters, каде што го победува и поранешниот Светски шампион Владимир Крамник, и еден од водечките светски играчи Аниш Гири.
  • 2014 член на репрезентацијата на Кина која освојува златен медал на Олимпијадата во Тромсо, Норвешка (личен резултат 9,5 поени од 11 партии).
  • 2015 член на репрезентацијата на Кина која освојува златен медал на Светското Екипно Првенство
  • Златен медал за најдобар резултат на неговата табла на Европскиот Клупски Куп 2015, како член на ШК Алкалоид.
  • 2015 Победува на International Capablanka Memorial Tournament, Havana – Cuba.
  • 2015 година го дели првото место на Qatar Masters заедно со Светскиот првак Магнус Карлсен
  • Во 2017 година на традиционалниот Aeroflot Open 2017 A – Русија, пласман на 5-9 место со освоени 6 поени од 9 партии.
  • Во 2017 година на "Sichuan Airlines Cup"2017 Asian Continental Chess Championship – освојува 3-4 место со 6,5 поени од 9 партии.
  • Во 2017 победува на The 1st Hainan International Chess Open Tournament – Кина со 8 поени од 9 партии.
  • Во 2019 го освојува второто место на турнирот Saint Louis Rapid and Blitz
  • Во октомври 2019 на Chess World Cup 2019 се пласира во полуфиналето и го освојува четвртото место
  • Во април 2021 година е победник на четвртото издание на турнирот Shenzhen Masters
  • Во јуни 2022 е победник на Summer Chess Classic A tournament во St. Louis
  • Во ноември 2022 година е победник на Fall Chess Classic A tournament во St. Louis

 

Линк до страната на Википедија https://en.wikipedia.org/wiki/Yu_Yangyi

Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/8603820