Шахисти​

КОСКОСКА ГАБРИЕЛА

Родена 1969 во Струга. Димпломира на Технолошко - металуршки факултет. Женски интернационален мајстор од 1997. Во својата долгогодишна кариера има освоено една норма за Интернационален мајстор и една норма за Женски велемајстор. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 1990 година.

Победник на поединечните шампионати во женска конкуренција над 15 пати. Постојан член на македонската женска сениорска репрезентација од 1994 година. Во 2016 година на Олимпијадата во Азеберџан учествува како директор на репрезентацијата. Највисокиот рејтинг од 2240 рејтинг поени го има достигнато во 2003 година.

Од 2009 година континуирано, со поддршка на ШК Алкалоид организира работа на јуниорска шаховска школа во Струга.

 

Линк до страната на Фиде профилот : https://ratings.fide.com/profile/15000630