Шахисти​

KRYVORUCHKO YURIY

Роден 19 декември 1986 во Лвив, Украина. Шаховски велемајстор од 2006 година. Шах игра од 7 години, потекнува од Лвив, град со одлични шаховски школи и традиција на многу врвни шаховски имиња (V. Ivanchuk, A. Volokitin, Muzichuk Marija i Ana, како и постарите A. Mihaljchisin, O. Romanishin). Дипломира Економски науки на Универзитетот во Лвив, Украина. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува на Екипното Првенство на Македонија во континуитет од 2012 година. Во 2015, 2016, 2017 и 2018 година за Алкалоид настапува на ЕКК. При тоа, Во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои златен медал за индивидуален резултат на шеста табла.

Позначајни резултати:

  • 2006 година Светско-јуниорско до 20 години, 3 место.
  • 2008 година Европско Првенство, дели 2 - 10 место.
  • 2009 година член е на репрезентацијата на Украина која освојува бронзен медал на Европското Екипно Првенство.
  • 2013 година Шампион на Украина.
  • 2015 година член на репрезентацијата на Украина која освојува сребрен медал на Светското Екипно Првенство.
  • Сребрен медал за втор резултат на неговата табла на Европскиот Клупски Куп 2015, како член на ШК Алкалоид
  • 2016 година второ место на силниот Опен Ал Аин во Обединетите Арапски Емирати
  • Во 2016, на 42nd World Chess Olympiad, со репрезентацијата на Украина освојува сребрен медал.
  • Делба на четврто место на силниот отворен турнир 2nd Sharjah Masters со 6,5 поени од 9 партии, во 2018
  • Четврто место на 20th Dubai Open со освоени 6,5 поени од 9 партии, во 2018.
  • Во април 2019 делба на прво место на турнирот 3rd Sharjah Masters со освоени 7 поени од 9 партии
  • Во декември 2019 на шампионатот на Украина го освојува второто место со 6,5 поени од 9 партии

 

Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/14109182/calculations