Шахисти
НЕДЕВ ТРАЈКО
Роден 1973 во Неготино. Шаховски велемајстор од 2001 година. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 1988 година. Како одличен познавач на шаховската теорија и квалитетен аналитичар бил член на стручниот тим за подготовки на неколку врвни светски шахисти.
Позначајни резултати:
- 1996 освојува сребрен медал за поединечен резултат на Олимпијадата.
- Член е на македонската репрезентација на шаховските Олимпијади и Европски Екипни Шампионати од 1996 до 2020.
- Победник на Бергер турнири во Неготино и Стар Дојран.
- Победник на отворени меѓународни турнири во Варна, Базел, Халзбург, Порто Карас.
- 2003 освојува сребрен медал за поединечен резултат, на Европското Екипно Првенство.
- 1997, 2000 и 2011 ја освојува Шампионската титула на Македонија.
- Од 2009 година континуирано, интензивно работи како тренер со јуниори во рамки на шаховската школа, поддржана од ШК Алкалоид.
- Во 2021 година станува селектор на македонската сениорска репрезентација и ја води репрезентацијата на европското првенство во Словенија и на Олимпијадата во Индија во 2022 година
Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/15000605