Шахисти​

ШАХРИЈАР МАМЕДИАРОВ (SHAKHRIYAR MAMEDYAROV)

Роден е на 12 април 1985 во Азербеџан. Има две сестри Туркан и Зеинаб Мамедџарови кои ја носат титулата женски велемајстор. Многу години настапува на првата табла за азербеџанската репрезентација. Во 2006 година ја поминува границата од 2700 рејтинг поени и е дел од светската шаховска елита. Највисок рејтинг достигнува во септември 2018 година од 2820 поени и во тој момент е вториот највисоко рангиран шахист во светот.

Позначајни резултати:

  • Во 2003 година станува Светски Јуниорски шампион под 20 години
  • Истата година станува Светски шампион под 18 години
  • Во 2004 година е победник на Опен Дубаи
  • Во 2005 година повторно станува Светски Јуниорски шампион под 20 години
  • Во 2006 година е победник на President's Cup во Баку, Азербеџан
  • Истата година победува на Опен Рејкјавик, Аерофлот Опен, Ордикс Опен
  • Во 2010 година го дели првото место на President's Cup во Баку, Азербеџан
  • Во 2010 година го дели првото место на Tal Memorial во Русија
  • Во 2013 година е победник на FIDE Grand Prix 2012–2013, Кина
  • Во 2017 година е победник на FIDE Grand Prix 2017
  • Во 2018 година е победник на Biel Chess Festival. Швајцарија
  • Во 2021 година е победник на Superbet Chess Classic, Романија
  • Во 2022 година е победник на ShushaChess во Баку, Азербеџан
  • За репрезентацијата на Азербеџан настапува на сите Олимпијади од 2000 до 2018
  • Со репрезентацијата на Азербеџан станува европски екипен шампион во 2009, 2013 и 2017 година

 

Линк до страната на Википедија https://en.wikipedia.org/wiki/Shakhriyar_Mamedyarov

Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/13401319