ШК „АЛКАЛОИД“ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЕВРОПСКИОТ КЛУПСКИ КУП 2018

На претстојниот Европски Клупски Куп кој се одржува од 11 – 17.10.2018 година во Порто Карас, Грција, боите на клубот ќе ги бранат стандардните 6 елитни светски велемајстори од Кина, Русија и Украина, заедно со двајцата најдобри македонски играчи. Сите странски играчи, во изминатите години веќе биле дел од шампионскиот состав на шк „Алкалоид“, а со тоа на одличен начин продолжува да се негува тимскиот дух на екипата, кој се покажува како исклучително значаен фактор во успешните настапи претходните години.

Ding-Liren

Велемајстор

Ding Liren (роден 1992), член на кинеска репрезентација и освојувач на златен медал на последната Олимпијада 2014 и на Светското Екипно Првенство 2015, при тоа и бронзен медал за индивидуален резултат. Ding е трикратен шампион на Кина (2009, 2011, 2012). Во август 2015 станува вториот кинески играч кој што влегол во ТОП 10 играчи во светот. Во Јули 2016 Ding беше највисоко рангиран Блиц играч во светот. Во Септември 2017 стигнува до финалето на Светскиот Куп, со што се квалификува за Турнирот на кандидати за предизвикувач на Светскиот Првак. Тој е првиот Кинески шахист во историјата што постигнал ваков успех. Во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои сребрен медал за индивидуален резултат на прва табла за екипата на ШК Алкалоид. Во Март 2018, на Турнирот на кандидатите се пласира на 4 место (од 8 учесници). Во Август 2018 година ја поминува рејтинг границата од 2800 поени, искачувајќи се на 4 место на светската ранг листа!

YU YANGYI

Велемајстор

Yu Yangyi (роден 1994), член на кинеската репрезентација со која освојува златен медал на последната Олимпијада 2014. За екипата на ШК Алкалоид на Евроскиот Клупски Куп, освојува златен медал за индивидуален резултат, и тоа во 2015 на шеста табла, а во 2017 на четврта табла.

JAKOVENKO DMITRY

Велемајстор

Jakovenko Dmitry (роден 1983), член на Руската репрезентација; Европски шампион за 2012 година; Светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; Со Руската репрезентација Првак на Европскиот Екипен Шампионат за 2007 година и носител на сребрен Олимписки медал за 2012 година, два пати златен медал за индивидуален резултат на Олимпијада (2008 и 2012), два пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2005, 2006). Во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои златен медал за индивидуален резултат на петта табла за екипата на ШК Алкалоид.

ANDREIKIN DMITRY

Велемајстор

Andreikin Dmitry (роден 1990) член на Руската шаховска репрезентација; Светски јуниорски првак за 2010 година и Шампион на Русија за 2012 и 2018 година, два пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009, 2010), два пати (2008 и 2012) златен медал за индивидуален резултат на Европски Клупски Куп. Во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои златен медал за индивидуален резултат на трета табла за екипата на ШК Алкалоид.

KRYVORUCHKO YURIY

Велемајстор

Kryvoruchko Yuriy (роден 1986) член на Украинската шаховска репрезентација; Шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последниве 7 години; 2015 година втор најдобар индивидуален резултат на Европски Клупски Куп. Во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои златен медал за индивидуален резултат на шеста табла за екипата на ШК Алкалоид.

ELJANOV PAVEL

Велемајстор

Eljanov Pavel (роден 1983), стандарден член на Украинската репрезентација со која има освоено две олимписки злата; во 2015 година на Светскиот Куп низ систем на меѓусебни елиминации од 128 учесници на стартот стигна до полуфинале, во кое беше поразен од победникот на турнирот, два пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009 и 2010).

ТРАЈКО НЕДЕВ

Велемајстор; ФИДЕ Сениор Тренер (FST)

Недев Трајко (роден 1973), член на Македонската шаховска репрезентација, со која освојува сребрен медал за индувидуален резултат на Олимпијата 1996 и Европското Екипно Првенство 2003 година. Шампион на Македонија 1997, 2000 и 2011.

ФИЛИП ПАНЧЕВСКИ

Интернационален мајстор

Панчевски Филип (роден 1988), член на Македонската шаховска репрезентација. Шампион на Македонија 2010, 2012, 2014, 2016.

ДРАГОЉУБ ЈАЌИМОВИЌ

Велемајстор, Капитен; ФИДЕ тренер DI (Developmental Instructor)

Јаќимовиќ Драгољуб (роден 1964), како член на Македонската шаховска репрезентација освојува златен медал за индивидуален резултат на Олимпијадата 2000. Долгогодишен селектор на репрезентацијата. Капитен на екипата на ШК Алкалоид од 2009 година.