Фк Аеродром со полни торби играчки за децата од СОС детско село
Новата година носи нови почетоци, радости, предизвици. Секој секому посакува се најубаво. Но има деца кои немаат исполнето детство како нашите деца. По тој повод ФК Аеродром организираше хуманитарна акција со тема” Секое дете заслужува среќа”. Играчите на ФК Аеродром донесоа плишани играчки, скромниот собран број ги дониравме на децата од СОС детско село на кои многу им значи вниманието за Нова година. Доделивме и неколку фудбалски топки како симбол на спортскиот дух кој го негуваме. Нашите деца се заслужни за нечија насмевка.Нашите деца се наша иднина,клубот ќе се стреми и понатака да организира хуманитарни акции. Благодариме,
Со кликнување на „Ги прифаќам сите“, вие се согласувате на чување колачиња на вашиот уред со цел да ја подобрите навигацијата на страницата, да ја анализирате употребата на страницата и да помогнете во нашиот маркетинг.